Погба ја прекина серијата од десет натпревари без погодок и му донесе победа на Јунајтед

Од:

Францускиот репрезентативец Пол Погба беше двоен стрелец за Манчестер јунајтед вечерва во победата над Вест Хем со 2:1. За фудбалерот од средниот ред на тимот од „Олд Трафорд“ ова беа први погодоци по пауза од десет натпревари или вкупно 964 минути.

Погба се запиша во листата во 19.минута и 80.минута, два гола ги даде од пенал. За гостите од Лондон погоди Андерсон во 49.минута.

Резултати на другите саботни натпревари од 34.коло во Премиер лигата:

Тотенхем – Хедерсфилд 4:0
Брајтон – Бурнмут 0:5
Барнли – Кардиф 2:0
Фулам – Евертон 2:0
Саутемптон – Вулвс 3:1.

Табела: Ливерпул 82 бода (33 натпревари), Манчестер сити 80 (32), Тотенхем 67 (33), Челзи 66 (33), Манчестер јунајтед 64 (33), Арсенал 63 (32), Лестер 47 (34).

Би можело да ве интересира

Голем пресврт на аферата што го потресе европскиот фудбал: Пол Погба се враќа во март

Предраг Петровиќ

Братот на Погба излезе од затвор, не смее да има контакт со него и со нивната мајка

Горан Наумовски

Погба: Рајола ја виде понудата од Јунајтед и ми кажа дека ниту неговиот пес не би потпишал

Матијас Погба ѝ се предаде на француската полиција по обвинувањата за уцена на брат му

Погба мора да оди на операција и ќе го пропушти Светското првенство во Катар

Војна во семејството Погба – мајката против постариот син Матијас: Тој сака да го уценува Пол!