Подмладениот Металург освои бод со Војводина

Од:

Македонскиот ракометен шампион Металург одигра нерешено 26:26 со Војводина во натпреварот од 14. коло од СЕХА лигата. На домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ гостите од Нови Сад во најголемиот дел од натпреварот имаа водство но не го сочуваа до крајот на дуелот. По заминувањето на репрезентативците на македонија од Металург, тимот од „Автокоманда“ играше во подмладен состав.

На почетокот Металург поведе со 1:0 и 2:1, а потоа гостите постојано беа во водство се до 56. минута. Во неколку наврати таа предност беше и 7 голови разлика (10:17; 12:19).

Во финишот на дуелот Металург со головите од контри на Никола Костески дојде до изедначување – 25:25. Конечните 26:26 ги постави Ренато Вугринец, кој постигна вкупно 9 голови (11 обиди) и имаше 8 асистенции на последниот натпревар во дресот на Металург. Костески постигна шест голови без промашување. Голманот Никола Митревски натпреварот го заврши со 13 одбрани.

Металург со 15 бодови се наоѓа на шестото место.

Вториот наш претставник во СЕХА лигата Вардар вечерва од 20:15 часот во Осиек му гостува на Загреб.

Би можело да ве интересира

Озтурк нов ракометар на Металург

А1он

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа

Ана Ололовска

Металург се раздели со двајца странски ракометари

Ана Ололовска

Одложени дуелите на Металург со Чеховски Медведи поради коронавирус

Кастратовиќ за групата на Металург: Нема слаби екипи, не очекуваат тешки натпревари

Ана Ололовска

Металург почнува со Тулуз во групната фаза на Лигата на Европа

Ана Ололовска