Под сомнеж ставени нови 35 милиони воздиушни перничиња во автомобилите во САД

Од:

Јапонскиот производител „Таката“ е принуден да испита дополнителни 35 милиони воздушни перничиња заради можна фабричка грешка која може да доведе до повреда на патникот при нивното активирање.

Досега оваа компанија мораше на американскиот пазар да провери над 28 милиони перничиња вградени во околу 24 милиони автомобили, а со најновото отповикување ќе бидат опфатени барем уште исто толку возила.

Аферата со повлекувањето на приближно 50 милиони автомобили заради контрола и замена на неисправните воздушни перничиња „Таката“ ќе ја чини 3,5 милијарди долари, проценува „CreditSuiss“, а пренесува „AutoNews“.

Заради огромните финансиски трошоци, иднината на компанијата е доведена во прашање.
„Таката“ во ноември 2015 година веќе беше казнета со 70 милиони долари, од страна на регулаторните тела на САД, а казната може да нарасне на 200 милиони долари. Покрај тоа, на компанијата и е наложено да престане со употребата на амониумнитрат за активирање на перничето, бидејќи при дување може да експлодира, исфрлајќи метални делчиња во  внатрашноста на автомобилот.

Во досегашните бројни несреќи заради неисправни воздушни перничиња животот го загубиле најмалку 11 лица (од кои 10 во САД), додека над 100 се повредени.

„Таката“ на обештетување на семејствата на жртвите и повредените во овие незгоди, како и на отповиците во фискалната 2015 година потрошила 189 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ