Женската ракометна репрезентација на Македонија со гостувањето кај Црна Гора ќе ги почне квалификациите за Европското првенство 2016 година што ќе се одржува во Шведска. Нашите ракометарки од вчера се наоѓаат во Бар каде вечерва се игра дуелот.
– Се наоѓаме во силна група, а ривали ни се селекциите на Црна Гора, Хрватска и Словенија. Тоа се врвни селекции во европски и светски рамки. Оваа наша селекција е подмладена, но не одиме со „бело знаме“. Ќе пробаме да се спротивставиме на свој начин, кој ќе се обидеме да го негуваме во иднина, изјави селекторот Симе Симовски.
Натпреварот Црна Гора – Македонија почнува во 19:30 часот.
На вториот натпревар во групата 4 играат Хрватска – Словенија.
Во другите групи двојките се:
Група 1: Норвешка – Белорусија (среда); Романија – Литванија (четврток);
Група 2: Чешка – Италија (среда); Србија – Украина (четврток);
Група 3: Холандија – Бугарија, Шпанија – Австрија (среда);
Група 5: Полска – Финска (среда); Унгарија – Словачка (четврток);
Група 6: Русија – Португалија, Данска – Турција (четврток);
Група 7: Германија – Швајцарија (среда); Франција – Исланд (четврток).
Натпреварите од 2.коло се играат во текот на викендот.