Почнува „УС опен“

Од:

Во САД денеска почнува последниот Гренд слем турнир сезонава „УС опен“.

Главни фаворити се првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, додека Рафаел Надал поради повреда ќе отсуствува од турнирот.

Ѓоковиќ во Њујорк вечер ќе игра против аргентинецот Диего Шварцман и тоа ќе биде нивни прв дуел. Доколку победи, во второто коло, Ѓоковиќ ќе игра против подобриот од мечот Жил Милер и Пол Анри Матје. Во неговата група се и Џон Изнер, Филип Колшрајбер, Енди Мареј, Жо-Вилфред Цонга и Стан Вавринка.

Во другата група се Роџер Федерер, Давид Ферер, Томаш Бердих, Григор Димитров и Ришар Гаске.

Кај жените,  првите три места на фаворитската листа се резервирани за Серена Вилијамс, Ана Ивановиќ и Марија Шарапова.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го совлада Медведев и ја освои 24 Грен слем титула

ВИДЕО: Коко Гоф го освои УС Опен

Алкараз: Се предомислив, треба уште да учам

ВИДЕО: Ѓоковиќ му ја спушти слушалката на Шелтон-реакција за начинот на прослава на победата

Предраг Петровиќ

Медведев го елиминира Алкараз и закажа финале со Ѓоковиќ!

Предраг Петровиќ

Џере поведе со 2-0, а Новак се налути и сврте на 3-2