Почнува скијачката сезона на Попова Шапка

Од:

Со бесплатно скијање за сите посетители од утре започнува новата скијачка сезона на Попова Шапка, информираат ЕЛЕМ ТУРС и скијачкиот центар„Попова Шапка”.

Оттаму посочуваат дека се спроведени сите технички подготовки и активности за непречен почеток и тек на претстојната скијачка сезона, а во текот на вчерашниот ден завршило и уредувањето и обележување на постојните патеки.

– Во ски центарот е воспоставено комплетно улично осветлување кое започнува од хотелот „Попова Шапка“ до жичницата Син Врв, потоа продолжува покрај ски патот и скилифтот „Мал Јелак“ и завршува пред манастирот Свети Наум Охридски. За таа намена, се поставени осум нови столбови со што целосно е осветлен теренот за ноќно скијање. За утрешното отворање на сезоната во функција ќе бидат ски лифтовите Аеродром и Ге, велат од ЕЛЕМ ТУРС.

Нагласуваат дека од четврток, 1 јануари ќе важат вообичаените цени за ски билети. Целодневниот ќе се продава по цена од 900 денари, полудневниот билет е 600 денари, а ноќното скијање ќе чини 500 денари. За младите скијачи до 12 годишна возраст билетите ќе чинат 400 денари, а цената на сезонскиот билет останува 10.000 денари.

Би можело да ве интересира

Еден од најдобрите ски скокачи ја заврши кариерата, не се опорави од тешкиот пад

Предраг Петровиќ

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска