На Светското првенство во кошарка во Кина денес стартува елиминациската фаза. По завршувањето на двете групни рунди, меѓу осумте најдобри од фаворитите ги нема Грција, Русија и Литванија, а пријатно изненадија Полска и Чешка.
Четвртфиналето ќе почне во 13 часот со средбата Аргентина – Србија.
На вториот денешен дуел, од 15 часот ќе играат Шпанија – Полска.
Другите две четвртфинални пресметки се закажани за утре. Во нив ќе се соочат:
САД – Франција и
Австралија – Чешка.