Поранешниот фудбалер кој долги години играше во италијанската Серија А, Џузепе Рица почина денес на 33-годишна возраст, јавија спортските медиуми.
Познатиот фудбалер на фудбалскиот клуб Јувентус својата кариера ја помина во Јуве Стабија, Ливорно, Арецо, Пергокрема и Ночерино.
Играчот претрпел хеморагија на мозокот во јуни минатата година по што не бил во можност да закрепне долг период.
Неговиот сооиграч и пријател Џорџо Кјелини на социјалната мрежа Твитер емотивно се збогуваше со поранешниот играч на Јувентус.
Ciao Peppino, ci mancherai. #GiuseppeRizza pic.twitter.com/JtYJrxeft3
— Giorgio Chiellini (@chiellini) July 6, 2020