Поранешниот тренер на Ливерпул и Лион, Жерар Улие почина ноќеска на 73-годишна возраст.
Во текот на тренерската кариера, Французинот најголем успех постигна со Ливерпул и со Олимпик Лион.
Улие беше тренер на „црвените“ од 1998 до 2004 година и го освои Купот на УЕФА 2001 година, Суперкупот на УЕФА 2001, Купот на Англија 2001, Суперкуот на Англија 2001, два Лига купа 2001 и 2003.
Со Лион, Улие двапати стана шампион на Франција (2005/06, 2006/07)