Почина Ники Хејден, поранешен светски шампион во Мото ГП

Од:

Поранешниот шампион во мотоциклизам Ники Хејден, им подлегна на повредите по минатонеделната сообраќајна несреќа. Американецот од минатата среда беше хоспитализран со тешки повреди на главата во болницата во Чезена, откако во Римини возејќи велосипед во него удри автомобил.

Врз Хејден беа извршени неколку интервенции, но и покрај напорите на докторите тој им подлегна на повредите.

– Медицинскиот тим ја потврди смртта на пациентот Николас Патрик Хејден, кој беше примен на интензивна нега на 17 мај со сериозни повреди на главата, пишува во соопштението на болницата од Чезена.

Хејден кој во периодот од 2003 до 2016 година настапуваше во Светскиот шампионат во мотоциклизам за тимовите на Хонда и Дукати со кои настапи на 218 трки, забележа три победи, а 28 пати избори место на подиумот.

Токму Американецот беше човекот кој ја прекина доминацијата од пет титули во низа на Валентино Роси, кога во 2006 година во „кралската класа“ во Мото ГП ја освои титулата.

Би можело да ве интересира

Бузалковски ја одбрани титулата на БМУ Европски шампионат

Ана Ололовска

Бастијанини од следната сезона во Дукати

Бузалковски БМУ Европски шампион за 2021

Ана Ололовска

Валентино Роси најави пензионирање

Над велешко езеро „Младост“ ќе стартува првата трка од Ендуро шампионатот за 2021

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хорор-судир во Бразил, загина мотоциклистот Матеус Барбоса

Жарко Настоски