Почина легендата на прилепска Победа Николче Здравески

Од:

На 54-годишна возраст синоќа ненадејно почина Николче Здравески, еден од најголемите легенди на фудбалскиот клуб Победа од Прилеп, човек со кои се врзани најголемите успеси на прилепскиот тим во самостојна Македонија.

Здравески беше капитен на Победа за време на првата шампионска круна на прилепскиот тим, а потоа и тренер на тимот кога ја освои и втората титула.

Ја предводеше екипата на Победа на легендарните натпревари против Парма во 2000 година.

Целата кариера ја мина во прилепскиот тим, како фудбалер, потоа стана и капитен, на крајот и како тренер. Работеше и како координатор на младинската школа на фудбалската гордост на Прилеп.

Кратко беше тренер и на тимот на 11 Октомври, кога овој тим се натпреваруваше во Првата лига. Беше прогласен за најдобар тренер од страна на ФФМ во 2007 година.

Здравески беше и репрезентативец на Македонија. Настапи два пати за националниот тим во пријателски натпревари против Албанија во Прилеп, и против Азербејџан.

Би можело да ве интересира

Почина Ерик Дејн, ѕвездата на „Вовед во анатомија“

Комеморација за актерката Ленче Делова во Драмски театар

Почина Џеси Џексон, американскиот активист за граѓански права

Почина актерката Ленче Делова

Катерина Ѓуровски

Почина Натан Смит, синот на Лил Џон

Момче почина во кавадаречко Возарци