На 31-годишна возраст почина фудбалерот Нермин Црнкиќ. Поранешниот офанзивец на Сараево и на Тузла ја загуби битката со болеста, само неколку дена откако беше отпуштен од болница за да закрепне дома.
Безживотното тело на фудбалерот е пронајдено во неговиот стан, а во извештајот од местото на настанот се вели дека Нермин претходниот период имал големи проблеми со срцето. Се претпоставува дека поради ова бил хоспитализиран, но отпуштањето од болница бил позитивен сигнал – многумина мислеле дека се е во ред со поранешниот фудбалер.
Нермин е роден во Нови Град, но како момче ја напуштил БиХ и со семејството се преселил во САД. Имал само седум години кога пристигнал во Америка, а подоцна добил американски пасош. Фудбалската кариера ја помина главно во Европа – играше за клубови од Шведска, Чешка, Словачка и Германија, додека беше член на два клуба во Босна и Херцеговина.
Во сезоната 2016/17 настапуваше за тимот на Сараево, а од 2018 до 2021 година го носеше дресот на Тузла Сити, тимот во кој го мина најголемиот дел од кариерата. Поради здравствени проблеми се вратил во САД и престанал да се занимава со професионален фудбал, па се насочил кон настапите за футсал тимот Рапид Сити и требало да стане американски претставник во мал фудбал.