Почина Дикембе Мутомбо

Од:

На 59-годишна возраст почина легендарниот кошаркар Дикембе Мутомбо.

Мутомбо почина по битка со тумор на мозокот.

Познатиот центар доминираше во НБА во 1990-тите и 2000-тите: четири пати беше одбранбен играч на годината, осум пати Ол-стар, три пати член на првиот тим на лигата, тој е втор на сите времиња по вкупни блокови, и трет во блокови по натпревар.

„Дикембе Мутомбо беше едноставно поголем од животот. На теренот тој беше еден од најдобрите блокери и одбранбени играчи во историјата на НБА. Надвор од паркетот, даде се од себе за да им помага на другите“, напиша комесарот на НБА, Адам Силвер во своето проштално писмо. писмо.

Мутомбо беше во брак со сопругата Роуз, со која има три деца, и со која посвои четири деца од нејзините починати браќа.

Кошаркарот роден во Конго кариерата ја започна во Денвер, а подоцна настапуваше за Атланта, Филаделфија, Њу Џерси, Њујорк и Хјустон.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“