Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино го утврди утрешниот прв четвртфинален судир од Лигата на Шампионите против Манчестер Сити како еден од најголемите во неговата досегашна кариера.
Ова ќе биде првиот европски судир на новоотворениот стадион на „петлите“, а целта на Аргентинецот е неговиот тим да запише победа.
– Да, тоа ќе биде еден од најважните натпревари за мене. За нас е бонус дека се пласиравме во четвртфиналето. Ќе се обидеме да победиме. Целта ни е да играме во полуфиналето, иако ќе биде тешко, бидејќи Манчестер Сити е многу добар тим, кој ние го почитуваме многу.
Во последните неколку години овој тим се обидува да освои се. Тие имаат силен состав и еден од најдобрите менаџери во светот. Ако има тим кој може да освои 4 трофеи во една сезона, тоа е Манчестер Сити. Ќе се обидеме утре да почнеме многу агресивно и да доминираме.
Се надеваме дека атмосферата ќе биде неверојатна и ќе му отежни на нашиот ривал, изјави Почетино на денешната прес-конференција