Одбојкарските репрезентации на САД и на Канада синоќа постигнаа победи во натпреварите од 2.коло од Светската лига во одбојка на завршниот турнир.
Во дуелот од Ј групата Канада ја победи Русија со 3-0 (25:23, 29:27 и 25:17), додека селекцијата на САД оствари триумф над Србија со 3-1 (25:22; 25:23; 19:25 и 25:22).
Американците со оваа победа обезбедија едно од првите две места во групата К и пласман во полуфинале.
Во оваа група Франција има два бода, а Србија е без бод.
Во групата Ј по три бодови имаат домаќинот Бразил и Канада, додека Русија е без бод.
Вечерва се играат мечевите од 3.коло:
Бразил – Русија (група Ј) и
Србија – Франција (група К).