Победи за Металург и Зомимак М

Од:

Екипите на Металург и Зомимак М синоќа остварија победи на домашен терен на натпреварите од 7. коло од Супер лигата. Шампионот Металург пред своите навивачи во салата во Автокоманда го победи Тинекс Пролет со 32:16 и се искачија на првото место на табелата.

Најефикасен на натпреварот беше ветеранот Стевче Алушевски со пет голови.

Во Струмица Зомимак М го совлада Пелистер со 31:27 и со овој триумф се зацврсти на третата позиција. Најпрецизен на дуелот беше Дејан Пецаковски со 7 голови.

Куманово и Вардар Про порано го одиграа натпреварот, а „црвено-црните“ постигнаа победа со 29:23.

Табела: Металург 19 бодови, Вардар Про 17, Зомимак М 13, Тинекс Пролет 6, Пелистер 3, Куманово 3.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он