Францускиот тим Шартр и турскиот шампион Бешикташ со победи со започнаа својот настап на меѓународниот ракометен турнир „Струга 2017“.
Минатогодишниот победник Шартр во првата рунда славеше убедливо над домаќинот Струга со 34-16, додека Бешикташ во израмнет меч го совлада шведскиот Алингса со 29-26.
Денеска ќе се играат средбите од 2.коло во кое во рамките од Б групата Металург ќе се сретне со Шартр, а доколку францускиот тим забележи победа тој ќе обезбеди пласман во финалето. Овој меч е закажан во вечерниот термин од 20:45 часот.
Претходно од 19:30 часот, можност да пласман во финалето ќе има Бешикташ кој за противник ќе го има Охрид.