На женското Европско ракометно првенство што се одржува во Шведска вчера се одиграни првите натпревари од 3.коло од групната фаза.
Во рамките од А групата, европскиот вицепрвак на Шпанија ја победи селекцијата на Словенија убедливо со 30-18. Синоќа од оваа група нерешено одиграа и домаќинот Шведска и лидерот во оваа група Србија, по што Словенија си заминува дома.
Во натпреварот од групата Б, ракометарките на Германија минимално ја совладаа Полска со 23-22, со што го потврдија својот пласман во втората фаза, додека нивните противнички и дефинитивно остануваат без можност.