Победи на фаворитите во квалификациите за кошаркарскиoт турнир во Рио

Од:

Во Белград и во Торино се одиграа првите натпревари од квалификациите за машкиот кошаркарски турнир на Олимпијадата во Рио. Покрај домаќините Србија, односно Италија, сигурен настап вчеравечер имаа и другите две европски земји кои важат за фаворити.

На дуелите во Белград, беа постигнати овие резултати:

Србија – Порторико 87:81 (А група) и

Летонија – Јапонија 88:48 (Б група).

Во Торино:

Грција – Иран 78:53 (А група) и

Италија – Тунис 68:41 (Б група).

Денеска на програмата се дуелите од 2.коло, а двојките се:

Белград: Порторико – Ангола (А група) и Летонија – Чешка (Б група).

Торино: Иран – Мексико (А група) и Италија – Хрватска (Б група).

Денес во Манила на Филипини почнува и третиот квалификациски олимписки турнир. Во 1.коло ќе играат: Турција – Канада (А група) и Франција – Филипини (Б група).

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он