Победа за Лејкерси, повреда на Брајант

Од:

Важна победа во борбата за плеј-офот остварија ноќеска кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс. На домашен терен со два разлика (118:116) го победија Голден Стејт, но натпреварот го завршија без Коби Брајант. Најдобриот играч на „езерџиите“ се повреди на 3:08 минути до крајот и денешните прегледи треба да кажат за тежината на повредата на Ахиловата пета.

Брајант до повредата постигна 34 поени, а Двајт Хауард реализираше 28, а Пау Гасол 26. Најефикасен беше Стефан Кари со 47 поени.

Резултати на ноќешните НБА натпревари: Торонто – Чикаго 97:88, Вашингтон – Филаделфија 86:97, Индијана – Бруклин 109:117, Атланта – Милвоки 109:104, Мајами – Бостон 109:101, Детроит – Шарлот 113:93,  Кливленд – Њујорк 91:101, Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 93:96, Хјустон – Мемфис 78:82, Далас – Денвер 108:105 (продолжение), Сан Антонио – Сакраменто 108:101, Јута – Минесота 107:100, Портланд – Оклахома Сити 90:106 и ЛА Лејкерс – Голден Стејт 118:116.

Вечерва се играат четири натпревари: Шарлот – Милвоки, Орландо – Бостон, Мемфис – ЛА Клиперс, Минесота – Феникс.

Пласман Источна конференција: Мајами 63-16 (победи – порази), Њујорк 52-27, Индијана 49-30, Бруклин 47-32, Атланта 44-36, Чикаго 43-36, Бостон 40-39, Милвоки 37-42,…

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 59-21, Сан Антонио 58-21, Денвер 54-25, ЛА Клиперс 53-26, Мемфис 54-25, Голден Стејт 45-35, Хјустон 44-35, ЛА Лејкерс 43-37, Јута 42-38,…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ