Победа за Ѓорческа, пораз за Јотовски на фјучрсот во Тунис

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа која е втора носителка на фјучрсот во Тунис денеска во мечот во сингл конкуренција во 1.коло ја победи Керстин Пекл од Австрија со 2:0 во сетови.

На истиот турнир во машка конкуренција Томислав Јотовски загуби убедливо во 1.коло од седмиот носител Пол Толедо Баке од Шпанија.

Ѓорческа на својата ривалка денеска и препушти само три гема (6:1 и 6:2), а во следната рунда ќе игра против 29-годишната тенисерка од Италија Алиса Балдучи (483.место ВТА), која со 6:3 и 6:3 во сетови ја победи Британката Мирабел Нјозе.

Ѓорческа со Изабела Шиникова од Бугарија, како први носителки утре ќе играат во четвртфиналето во двојки.

Јотовски пак беше убедливо поразен од Шпанецот Баке освојувајќи само еден гем во вториот сет и по вчерашната елиминација во двојки го заврши настапот на турнирот.

Од македонските тенисери настап во сингл ќе има и Бесир Дургути, кој за ривал денеска го има Бруно Сантана од Бразил.

Во конуренција на двојки во 1.коло попладнево ќе играат Стефан Мицов и Шендрит Деари против Пиерданио ЛоПриоре и Алесандро Луиси од Италија.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ