Победа против Нов Зеланд за четвртфинале

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација убедливo и лесно стигнаа до победата против Нов Зеланд со 84:62 и успеа да избори пласман во четврт-финалето на квалификацискиот турнир за пласман на Летните олимписки игри во Лондон.

Победата избраниците на Марјан Лазовски практично ја обезбедија уште по првата четвртина, која ја добија со 15 поени разлика, дозволувајќи му на противникот да постигне само 11 поени во тие десет минути игра.

Што се однесува до лидерите во нашиот тим, таа улога ја имаше Лестер Бо Мекејлеб, кој потсети на своите партии од Евробаскетот во Литванија со 23 поени и 11 асистенции за 32 минути на теренот.

Него го следеше Перо Антиќ со својот дабл-дабл од 17 поени и десет скокови, а Тодор Гечевски додаде 16 поени од клупата. Тие тројца беа и единствените двоцифрени во нашиот тим.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он