Најдобриот македонски автомобилист ја оствари третата победа во четвртата трка од натпреварувањето на најбрзите на Стариот континет во групата Н
Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе ја оствари третата победа во четвртата трка од Европскиот шампионат на ридски патеки. Тој на патеката Субида ал Фито на крајниот северозапад на Шпанија во близина на градчето Ариондас во провинцијата Астурија оствари најдобри времиња на сите три трки во групата Н, иако за генералниот пласман важеа двете најдобри возења.
Популарниот Иџе не сакаше да ја повтори грешката од Португалија кога организаторите не обајвија дека ја поништуваат првата трка и сметајќи се за најдобар по двете возења, во третиот настап реши да го штеди автомобилот и гумите и на крајот наместо прв трката ја заврши како трет. Стефновски во Шпанија патеката долга 5,3 километри ја минуваше за 3.03.150, 3.03.275 и 3.04.791 минути, односно во секое возење имаше четири секунди подобро време од најголемиот конкурент за титулата Чехот Јири Лос (3.07.372; 3.07.432; 3.08.586 минути), додека Шпанецот Серхи Пинела доцнеше по скоро осум секунди во првите две трки (3.11.413; 3.11.998; 3.09.432 минути).
Во генералниот пласман води македонскиот ас со 82,5 бодови, пред Лос со 66,5 бодови. Следната трка е на 7 јуни во Чешка.