Македонската репрезентација составена од ракометарки до 19 години вчеравечер постигна убедлива победа од 32:19 на првиот од двата контролни натпревари со соодветната репрезентација на Србија.
Сара Ристевска со 9 голови и Симона Стојановска со 8 беа најефикасни во победата на „црвено-жолтите“.
Двете репрезентации вечер од 19:30 часот ќе го одиграат вториот дуел во малата сала во СЦ „Јане Сандански“.
Овие средби се дел од подготовките на двете селекции кои ќе учествуваат на Европското првенство што ќе се одржи во Валенсија, Шпанија.