Снукер играчот Алистер Картер има дијагностициран рак на тестисите. Лекарите му ја соопштиле лошата вест минатата недела, а денеска тој потврди дека наскоро ќе замине на операција, а потоа и хемотерапија.
33-годишниот Британец досега мораше да го минимизира бројот на турнири и патувања поради кроновата болест, па минатата сезона успеа да победи само на германскиот мастерс што сепак е доволно за во моментов да биде на 15. место на светскиот снукер ранкинг.
– Се надевам дека ќе се вратам брзо – е кратката изјава на големиот борец Али Картер кој во 2008 и 2012 година загуби во финалињата на Светското првенство од Рони О’Саливен, a второто место му е најголем дострел и на светскиот ранкинг.