По четврти пат, бензинскиот мотор Turbo Puretech мотор прогласен за „Мотор на годината“

Од:

Бензинскиот мотор со три цилиндри Turbo Pure Tech 110 S&S и 130 S&S во категорија 1L до 1.4L избран за „Мотор на Годината“ по четврти пат!

Новата генерација на мотор PureTech со подобрени перформанси и зголемена ефикасност а намалена потрошувачка. Овие мотори гарантираат:

– Намалување на потрошувачка во просек за 4% во споредба со претходната генерација на мотори;
– Намалување од 75% на емисија на честички благодарение на FAP филтерот и почитување на стандардите RDE предвидени да стапат на сила од 2020 година;
– Се адаптира на новата платформа CMP за урбани возила, лимузини и компактни SUV.

Овие бензински мотори од нова генерација за прв пат се вградени во 2017 година и оттогаш масовно се применуваат кај возилата од групацијата PSA во повеќе од 70 држави.

Овие мотори ги почитуваат европските регулативи Euro 6.

Алан Рапозо, Директор на секторот за моторен погон и шасии во Групацијата PSA, изјави:

„Горди сме на оваа престижна награда четврта година по ред која е доказ за компетентноста и стручноста на нашите екипи за дизајнирање. Денес, овој мотор е дел од многу возила кои бележат огромен успех кај нашите клиенти. Конкурентноста и ефикасноста на нашата гама бензински мотори, особено трицилиндарскиот мотор PureTech, е светски позната и призната“.

Во моментов трицилиндарскиот бензински мотор PureTech се произведува во француските фабрики во Па де Кале и во Мозел и во кинеската Ксианд Јанг.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on