Данскиот тенисер Холгер Руне (20) вчера објави дека се разделил со поранешниот тренер Борис Бекер кој поднесе оставка, а денеска стигна веста дека и неговата мајка го „крева сидрото“.
Имено, Анеке Руне поднесе оставка од функцијата на негов медиумски менаџер, посочувајќи дека зголеменото внимание околу нејзиниот син и ги отежнува другите активности.
Затоа таа реши да ги префрли медиумските обврски на американската ПР компанија IMG.
Руне ќе се приклучи на компанијата IMG, која се грижи за многу познати тенисери и нивниот јавен имиџ. Моментално соработуваат со тениски ѕвезди како Ига Свијатек, Карлос Алкараз, Ема Радукану, Енди Мареј, Џек Дрејпер и многу други.
Младиот Данец, кој е седми играч на АТП листата, има слаб старт на новата сезона по раната елиминација веќе во 2. коло на Австралија Опен.