Циципас се откажа, Руне славеше – Хуркач влезе како замена

Од:

Данскиот тенисер Холгер Руне ја забележа првата победа на завршниот Мастерс во Торино, откако Стефанос Циципас му го предаде мечот по само три гема.

Во моментов не е познато за каква повреда се работи поради која Циципас му го предаде мечот на Данецот при резултат 2:1 за Руне.

Гркот дури имаше две брејк топки во првиот гем.

По оваа игра, Данецот ги доби двата преостанати гејма, по што Циципас побара помош од физиотерапевт и потоа го предаде мечот.

На местото на Циципас, и противник на Новак Ѓоковиќ во третото коло ќе му биде Хуберт Хуркач од Полска, кој е прва замена на овој завршен Мастерс.

Руне сега има по една победа и пораз, додека вториот меч од оваа група ќе го одиграат Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер.

Би можело да ве интересира

По Борис Бекер, и мајката го „остави“ еден од најдобрите тенисери во светот

Руне го испрати Циципас дома