ПМФЛ: Вардар се искачи на првото место по киксот на Академија Пандев

Од:

Екипата на Вардар со голот на Виктор Нилдо Јуфо забележа победа над Силекс со 1:0 (0:0) во седмото коло од ПМФЛ, одиграна на стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје.

Иако вардарци доминираа во текот на натпреварот и имаа добри шанси и порано да го отворат резултатот, голот дојде во 71. минута кога Јуфо со волеј удар успеа да ја затресе мрежата на противникот.

Големо изненадување на колото сепак беше на стадионот „Кукуш“ во Струмица, каде Ренова го победи до денес првопласираниот тим на Академија Пандев со 0:2 (0:1).

Гостите од Тетово отворија со гол на Влатко Стојановски уште во 14-тата минута, а истиот играч го матираше противникот во 70-тата минута од второто полувреме.

На тој начин струмичани ја предадоа првата позција на „црвено-црните“ на табелата во првата фудбалска лига.

Резултати од ПМФЛ, 7.коло:

Академија Пандев – Ренова 0:2
Беласица – Шкупи 1:0
Македонија Ѓорче Петров – Работнички 3:0
Шкендија – Победа 0:2
Вардар – Силекс 1:0

Табела:
1. Вардар 17 поени
2. Академија Пандев 15
3. Шкендија 14
4. Победа 11
5. Работнички 9

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он

Пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска

А1он