Силекс и Работнички одиграа 0:0 во Кратово, а Шкупи запиша значајна победа на гостувањето против Пелистер во Битола во дел од денешните натпревари, со кои се комплетираше 35 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Екипите на Работнички, Силекс и Шкупи во последното коло ќе се борат за третата и четвртата позиција на табелата, кои може да донесат излез во Европа.
Шкупи обезбеди триумф против Пелистер во Битола со головите на Илијоски и Имери, па така тимот од Чаир против Вардар ќе се обиде да обезбеди пласман во европско натпреварување.
Во последното коло ќе има и борба и во долниот дел од табелата за опстанок во Првата лига, каде за осмото место, кое води во баражот, ќе спорат Скопје, Победа и Пелистер.
По три меча без победа, денеска победа оствари и Вардар кој на домашен терен во неизвесен натпревар славеше со 3:2 над Академија Пандев.
Резултати од 35-то коло на ПМФЛ:
Силекс – Работнички 0:0
ФК Скопје – Победа 1:0
Вардар – Академија Пандев 3:2
Пелистер – Шкупи 0:2
Ренова – Шкендија 0:3
Табела ПМФЛ:
1. Шкендија 88
2. Вардар 56
3. Работнички 49
4. Шкупи 48
5. Силекс 47
6. Академија Пандев 42
7. Ренова 41