Платини: Технологијата на гол-линијата е прескапа за еден до два гола годишно

Од:

Мишел Платини, претседателот на Европската фудбалска организација, уште еднаш нагласи дека не е застапник на технологијата на гол-линијата, која, според негово мислење, има повеќе негативни отколку позитивни аргументи.

Платини верува дека воведувањето на технологијата во Лигата на шампионите, во Лигата на Европа и во Европското првенство е без врска трошење пари, кои подобро би ги вложил во развој на фудбалот во помалите држави.

„Тука не е во прашање само технологијата на гол-линијата, туку технологијата воопшто. Каде е почетокот, а каде е крајот на технологијата? Таа е корисна, но некаде мора да подвлечеме линија“, рече претседателот на УЕФА.

„Воведувањето на технологијата во трите најголеми натпреварувања би нè чинело 50 милиони евра во пет години. Подобро тие пари би ги потрошил во развој на фудбалот, отколку во технологија поради еден до два гола годишно. Тоа се многу пари за еден погодок“, смета Платини.

„Го подржавме воведувањето два дополнителни судии коишто стојат на еден метар од гол-линијата и имаат совршено добар поглед на ситуацијата“, заклучи Платини.

Меѓународната фудбалска организација моментно ја тестира технологијата на Светското првенство во Јапонија, каде што утре и во четврток се играат полуфиналните средби.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ