Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Од:

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини (69) предложи револуционерна идеја која целосно ќе го промени фудбалот.

Платини во разговор за француските медиуми предложи да се намали бројот на играчи на теренот.

Легендарниот Французин смета дека фудбалот би бил поатрактивен доколку тимовите се состојат од 10, а не од 11 играчи.

Според него, тоа би создало повеќе простор за игра, особено во време кога фудбалерите без проблем трчаат повеќе од 10 километри по натпревар.

„Во 1900 година имаше тим од 11 играчи, но тогаш имаше многу помалку трчање. Тогаш играта беше многу побавна“, рече Платини.

Се разбира, шансите да се случи таква промена се речиси нула, но идејата како таква можеби не е лоша. Но за да се спроведе треба навистина да се случи големо чудо и промена на политиката во деловно конзервативната ФИФА.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брутален нокаут во САД ги „освои“ социјалните мрежи

Ослободени од обвинение се Сеп Блатер и Мишел Платини

А1он

Пијастри ја покори Кина

Новоматик Македонија одличен пример за општествена одговорност

Предраг Петровиќ

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронзен медал на Балканското првенство во Будва

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он