Платини не го подржува Блатер за уште еден мандат на чело на ФИФА

Од:

Претседателот на УЕФА Мишел Платини изјави дека нема да го подржи актуелниот прв човек на ФИФА, Сеп Блатер, за уште еден претседателски мандат на изборот што е предвиден за идната година.

– Повеќе не го подржувам Блатер. Тоа заврши и тој го знае тоа. На ФИФА и е потребен нов здив и свеж воздух, рече поранешната ѕвезда на францускиот и европскиот фудбал.

Платини (58), кој доби многу пофалби за свијата работа како претседател на Организациониот комитет на Светското првенство во Франција во 1998 година, се уште не открива дали сака да се кандидира за претседател на ФИФА.

– Не знам ниту самиот дали го сакам тоа. Близу сум до шеесетата година од животот и сакам самиот да бидам сигурен што сакам понатаму, рече Платини во Сао Паоло, нагчасувајќи дека му е потребно време да реши околу кандидатурата за идната година.

Блатер (78), кој веќе четврти мандат раководи со ФИФА, најави дека на изборот во 2015 година би сакал да се кандидира за уште еден, петти по ред, без разлика на острите критики кон Светската фудбалска организација и кон него самиот околу сомнежите за корупција.

Блатер е на удар, посебно од европските фудбалски федерации, околу сомнежи за корупција при гласањето за домаќин на Светското првенство во 2022 година.
Лондонски „Сандеј тајмс“ откри нови детали за однесувањето на Катарецот Мохамед Бин Хамам и за поткупот што тој им го давал на 30 фудбалски функционери во Африка, Азија и Карибите за да гласаат за катарската кандидатура.

Гневот на европските федерации порасна откако Блатер ги оквалификува сите сомнежи за корупција како „расистички мотивирани“.

На вчерашниот конгрес на ФИФА во Сао Паоло, повеќе фудбалски функционери од Европа побараа од Блатер да не се кандидира идната година, инсистирајќи и на негова одговорност за случајот со Катар.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ