Плантак доби отказ од Задар

Од:

Невен Плантак повеќе не е тренер на Задар, бидејќи хрватскиот клуб одлучи да ја прекине соработката со него по лошите резултати во регионалната кошаркарска АБА лига.

Незадоволството од работата на Плантак кај раководството на клубот кулминираше по поразот од Крка во неделата.

-Задар му се заблагодарува на Плантак за големата желба и енергија која ја демонстрира при преземањето на функцијата, но за жал резултати изостанаа. Екипата не игра на очекуваното ниво и донесена е одлука дека е нужна промена на тренерското место, соопштија од далматинскиот клуб.

Се очекува Задар до крајот на неделата да назначи нов тренер.

Задар се наоѓа на последното (14. место) во АБА лигата со ефект од шест победи и 14 порази, исто колку што имаат и Мега и МЗТ Скопје Аеродром.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он