Плакети за најдобрите македонски ракометни судии

Од:

Агенцијата за млади и спорт организираше прием за нашите најдобри ракометни судии, кои беа дел од финалето на ОИ во Токио, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

-Голема чест и задоволство ми претставуваа што наши гости се луѓето кои претставуваат величини во македонскиот и светски ракомет.
Одлуката да ја делите правдата во финалниот натпревар на најголемиот спортски настан е доволен показател за квалитетот и реномето кое го имате стекнато во светската ракометна судиска фела.

Наша заложба е што поскора измена на Законот за спорт, во кој освен спортистите кои со врвни меѓународни одличја остваруваат право на таканаречената спортска пензија, оваа придобивка да ја имаат и спортските работници, како неоспорен дел од спортот воопшто, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

-Ова е наша трета олимпијада и некако беше очекувано после толку натпревари на светското во Египет, како и седум натпревари на ОИ во Токио, речиси секоја од нив дерби натпревар, да ја добиеме можноста да ја делиме правдата во едно финале, истакна Начевски.

Тој додаде дека ништо не е случајно и дека за да се изборите во еден таков ракометен врв, а доаѓате од една мала земја како нашата, мора да се три пати подобри и по квалитетни од другите. Искажа голема благодарност за иницијативата на Мојсовски за вреднување на остварувањата на спортските работници.

Своите импресии од ОИ ги искажа и Николов потенцирајќи дека за прв пат се дава важност и на спортските работници како важен фактор во спортот.

Наумче Мојсовски во знак на благодарност за сите досегашни остварувања во областа на ракометот им додели плакети.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Наумче Мојсовски да си поднесе оставка од АМС

Агенцијата за млади и спорт ги номинираше најуспешните во спортот за 2021 година

А1он

Мојсовски организираше прием за светската шампионка Мери Акиевска

Катерина Ѓуровски

БМУ Европските шампиони во брзински мотоциклизам на прием во Агенција за млади и спорт

А1он

Директорот на АМС Мојсовски на доделувањето на наградите од Меѓународната олимпијада по хемија

А1он

Мојсовски: Големиот проект 14 затворени пливачки базени сега е реалност

А1он