Питлик го засилува стручниот штаб на ЖРК Вардар

Од:

Поранешниот селектор на Данска, Јан Питлик ќе биде дел од стручниот штаб на ЖРК Вардар, соопштија од таборот на македонскиот првак.

Според договорот за соработка, Питлик ќе помогне во подготовка на екипата за настапот во Лигата на шампионите, со оглед на големото искуство што го има од водењето на репрезентацијата на Данска.

Од клубот информираат дека Индира Кастратовиќ останува прв тренер на екипата, а како што велат, со доаѓањето на Питлик, стручниот штаб на ЖРК Вардар ќе се зголеми за уште еден квалитетен и признат светски стручњак.

49-годишниот Питлик беше селектор на женската репрезентација на Данска од 1998 до 2006 година, а потоа од 2007 до 2014. Во негово време Данките двапати беа олимписки првенки во 2000 и 2004 година. По ЕП во 2014 година заврши и неговата соработка со Данска. Со репрезентацијата на Данска освои и злато на ЕП 2002, и две сребра на ЕП 1998 и ЕП 2004.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска