Писториус префрлен во друг затвор

Од:

Поранешниот параолимпискиот шампион Оскар Писториус е префрлен во затворот во Порт Елизабет каде ќе ги запознае родителите на Рив Стинкамп, неговата девојка, која ја уби во 2013 година.

Средбата, како што објави Би-Би-Си, би можел да придонесе 35-годишниот Писториус да биде пуштен на условна слобода.

Писториус првично беше осуден на петгодишна затворска казна поради убиство од небрежност на својата девојка, но во 2014 година делото беше окарактеризирано како убиство со предумисла и судот ја преиначи пресудата во казна затвор од 13 години и пет месеци.

Адвокатот на семејството Стинкамп, Тања Коен, изјави дека „мајката на Рив му прости на Оскар за убиството на нејзината ќерка, но тоа не значи оти Писториус треба да биде пуштен на слобода пред да ја отслужи казната во целост“.

Би можело да ве интересира

Оскар Писториус излегува на слобода

Катерина Ѓуровски

Можно условно ослободување за Оскар Писториус

Ана Ололовска

Писториус повреден во затворска тепачка

Ана Ололовска

За повеќе од двојно зголемена затворската казна за Писториус

Наум Локоски

Оскар Писториус се повредил во затворскаата ќелија

Емир Латифовиќ

Оскар Писториус осуден на шест години затвор за убиство

Емир Латифовиќ