Пипан задоволен од победата, Тодоровиќ со замерки кон судиите

Од:

Различни се реакциите кај тренерите на финалистите од кошаркарскиот плеј-оф во кој МЗТ Скопје Аеродром синоќа поведе против Куманово со 1-0 во серијата прв до три победи.

Тренерот на аеродромци Алеш Пипан рече дека МЗТ сосема заслужено стигна до првата победа, иако неговите играчи во некои моменти биле деконцентрирани.

– Во интересен дуел на крајот заслужено излеговме како победници. Во текот на сите 40 минути бевме во водство, најчесто двоцифрено. Само во одредени моменти моите играчи се опуштаа и му дозволуваа на противникот да се понадева на пресврт. Во иднина треба падовите во играта да ги сведеме на минимум. Сега се фокусираме на утрешната средба во Куманово, истакна словенечкиот стратег.

Гостинскиот тренер Страшо Тодоровиќ како причина за поразот ја наведе високата предност што МЗТ ја направи во третиот период, како и некои судиски одлуки, за кои рече дека влијаеле на крајниот резултат.

– Лошо го отворивме натпреварот, потоа фативме резултатски приклучок, за во третата четвртина МЗТ да отиде и на плус 20. Ние повторно се обидовме да се вратиме во игра, но следуваа некои „чудни“ судиски одлуки кои влијаеа врз резултатот. Како и да е, МЗТ е актуелен шампион и фаворит во финалната пресметка, а на нас останува да пружиме силен отпор и доколку ни се укаже шанса да ги израдуваме нашите верни навивачи од кои илјадници не бодреа во Скопје, нагласи тренерот на Куманово.

Вториот натпревар од финалната серија е утревечер во Куманово.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ