Пинтуро победник на велеслаломот во Крањска Гора

Од:

Францускиот скијач Алексис Пинтуро го освои првото место на денешниот велеслалом возен во словенечка Крањска Гора.

До својата втора победа сезонава, Пинтуро дојде со вкупно време 2:19.78 минути.

Второто место му припадна на Австриецот Марсел Хиршер кој доцнеше 68 стотинки зад Пинтуро.

На победничкиот подиум се искачи и третопласираниот Тома Фанара од Франција со вкупно време по двете возења 2:20.71 минута.

Хиршер со второто место го обезбеди малиот кристален глобус во оваа дисциплина, бидејќи има недостижни 185 бодови предност пред Пинтуро на една трка до крајот на сезоната.
Генерален пласман во Светскиот куп:Хиршер 1.208 бода, Кетил Јансурд (Норвешка) 1.084, Пинтуро 862, Феликс Нојројтер (Германија) 787,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ