Францускиот скијач, Жан Клод Пинтуро го освои својот прв велеслалом во кариерата. На патеката во Гармиш Партенкирхен, французинот славеше со време 2 минути 32 секунди и 42 стотинки и за 60 стоти дела од секундата беше побрз од Австриецот, Марсел Хиршер.
Третото место му припадна на Тед Лигети од САД, кој зад победникот заостана 63 стотинки.
„Пресреќен сум. Ова е моја прва победа на велеслалом. Возев перфектно. Уште подобро е чуството кога знам дека победив во „храмот“ на скијачките спортови во Гармиш“ – изјави Пинтуро по трката.
Светскиот куп во машка конкуренција продолжува следниот викенд со трките во спуст и супервелеслалом што ќе се одржат во норвешкиот зимски центар, Квитфјел.