Српскиот селектор Драган Стојковиќ Пикси наскоро би можел да остане без работа.
Како што пренесуваат српските медиуми, Драган Стојковиќ Пикси повеќе нема да биде селектор на Србија, а по неуспехот на ЕП ќе добие отказ.
Неговите избраници освоија само два бода во групната фаза против Англија, Словенија и Данска и што е интересно, постигнаа само еден гол.
Србија го собори негативниот рекорд, имаше најмалку удари кон противничкиот гол во првата половина од овој шампионат.
Не може да се каже дека нема неуспех доколку вашиот тим заврши на последното место во групната фаза и затоа се верува дека Пикси е веќе поранешен тренер, коментираат спрските медиуми.
Она што треба да се има во предвид е дека Драган Стојковиќ го продолжи договорот пред почетокот на ЕП.