Пике кажа што мисли за можното заминување на Меси од Барселона

Од:

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, смета дека управата на клубот треба да се договори со напаѓачот Лионел Меси.

„Не го гледавме Меси толку често во овој период. Негова лична одлука беше да ја напушти Барселона, колку што знам. Лео како никој друг, го заслужи правото да направи избор,“ го цитира ЕСПН Пике.

„Да бев претседател, ќе се однесував поинаку. Едноставно, треба да се договорите со играчот кој даде многу на клубот во текот на овие 16 години. Меси заслужи многу, новиот стадион на клубот треба да биде именуван во негова чест,“ додаде Пике.

Во летниот преоден рок, 33-годишниот Аргентинец сакаше да ја напушти Барселона. Главен претендент за Аргентинецот беше Манчестер сити.

Би можело да ве интересира

Меси не сака да игра на -15 степени, Аргентинецот одби да игра во ЛШ во поларни услови

А1он

(ВИДЕО) Цариникот не го препозна Меси на пасошка контрола, неговата реакција е хит на социјалните мрежи

А1он

Бекам: Нема играч кој ја сака Барселона како Меси

А1он

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

Иниеста и официјално се прости од фудбалот

Меси е најкорисен играч во американската МЛС, иако пропушти речиси пола сезона

А1он