„Пежо-Ситроен“ и „Тојота“ и натаму заедно ќе произведуваат мали градски автомобили

Од:

Групата „Пежо-Ситроен“ (ПСА) и компанијата „Тојота“ ќе ја продолжат соработката во производството на мали градски автомобили, соопшти извршниот директор на ПСА, Филип Варин.

– Следната генерација на моделите „Ситроен Ц1“, „Пежо 107“ и „Тојота Ајго“ ќе биде реализирана како заеднички потфат на трите автомобилски производители и, исто така, ќе се производуваат во Чешка, потврди Варин во разговор за „АУто Мотор унд Спорт“.

Актуелната генерација на споменатите три модела се изработува на иста производна линија во погонот во Колин, а нивните наследници веќе се во подготопвка и се очекува да бидат претставени на почетокот на 2014 година.

Од почетокот на производството во февруари 2005 година во чешката фабрика, чиј капацитет околу 300.000 автомобили годишно, се произведени повеќе од два милиони модели на „Тојота“, „Пежо“ и „Ситроен“.

По неодамнешните вести дека „Пежо-Ситроен“ ќе ја прекине  оработката со „Бе-Ем-Ве“ на планот на производство на мотори, се шпекулираше дека тоа е последица на цврстото  поврзување на ПСА со „Џенерал Моторс“ (ГМ). Меѓутоа, Варин демантира дека соработката со „Бе-Ем-Ве“ ќе биде завршена по истекот на актуелниот договор, на почетокот на 2016 година.

Иако двете компании за сега не најавиле што ќе се случува  од 2017 година, Варин  изјави дека ќе се разговара за продолжување на соработката во развојот  на моторите, но дека во предвид мора да се земе стандардот „Еуро 7“ за емисија на штетни гасови.

Кога станува збор за договорот меѓу ПСА и „Џенерал Моторс“, Варин предвидува дека  со оваа спогодба француската групација ќе заштеди околу 740 милиони евра, благодарение на компонентите што ќе ги делат сродните модели на двата производитела.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска