Францускиот производител на автомобили „Пежо“ на претстојниот Саем во Париз ќе го претстави концептот „Кварц“ хибрид кросовер со 500 коњски сили.
„Кварц“ е придвижуван од хибриден систем со комбинирана моќност од 500 коњски сили и е разработен на ЕМП2 платформата, на која е поставен и моделот 308.
Хибридниот погон е составен од 1,6 литарски четирицилиндерски мотор со 270 коњски сили и електричен мотор со 114коњски сили, кои силата ја испорачуваа на предната оска преку шестстепен мануелен менувач. Уште еден електричен мотор со 114 коњски сили е задолжен за придвижување на задната оска.
„Кварц“ нуди три вида на возење со електричен, бензински или хибриден погон. За напојување на електромоторите е задолжена литиум-јонска батерија поставена на средишниот дел на возилото што нуди автономија од 50 километри.
Премиерата на концептот „Кварц“ ќе биде на Саемот на автомобили во Париз на 2 октомрви годинава.