„Пежо 308“ : Ентериер што ги подели мислењата

Од:

„Пежо“ во мај ја претстави новата генерација на моделот „308“ што кај љубителите на автомобили предизвика поделени ставови. Покрај дизајнот на надворешноста, копјата се кршат и околу ентериерот на возилото.

Стилското свртување, кое „Пежо“ го почна со најновата генерација на свои возила, а особено со „208“, продолжува и на моделот „308“.

Тоа се однесува и на ентериерот за кој дизајнерот Гил Видал, и покрај неконвенционалните решенија, тврди дека нуди подобра ергономија во текот на возењето.

Неговите аргумети се: во внатрешноста на новата „308“, која е значајно поспуштена и има помалку команди и копчиња отколку просечен современ автомобил, доминира големиот 9,7 инчен екран од мултимедијалниот уред. Кон повеќето функции се пристапува токму преку овој дисплеј. Сепак, најмногу контроверзи предизвика спуштената положба на управувачот и покренатиот брзиномер и обртомер кои возачот, слично како и кај „Пежо 208“, ги набљудува преку воланот, а не низ него. Освен тоа, стрелката на обртомерот се врти во спротивен правец од онаа на брзиномерот.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on