Денеска на официјалното отворање на Интернационалниот саем за автомобили во Париз PEUGEOT се претстави со три светски премиери!
Заедно со новиот PEUGEOT 508 SW, на сечие задоволство е претставен и целосно електричниот, автономниот концепт PEUGEOT e-LEGEND!
PEUGEOT исто така ги открива своите нови хибридни модели со целосно нови бензински мотори и технологии за подобрување на задоволството при возење.
Штандот на PEUGEOT опфаќа повеќе од 2000м². Неговиот елегантен и модерен дизајн има за цел да и понуди на јавноста беспрекорно и пријатно искуство базирано на актуелните трендови на брендот, што дополнително ја зголеми оваа година со:
– Монументален ЛАВ, нов амбасадор на брендот
– Новиот PEUGEOT 508 SW,
– PEUGEOT e-LEGEND Concept
– и новите мотори PEUGEOT HYBRID PLUG-IN
Новиот PEUGEOT 508, радикална лимузина со спортска елеганција, е олицетворение на интензивни возни сензации и ги демонстрира амбициите на брендот во овој сегмент. Новиот PEUGEOT RIFTER пак е робустен и извонреден, и претставува вистински избор за секојдневна авантура. PEUGEOT RIFTER 4×4 CONCEPT е уште посилен, креиран со погон на сите 4 тркала.
На овој штанд брендот Peugeot исто така ги претстави и своите SUV модели PEUGEOT 2008, PEUGEOT 3008 и PEUGEOT 5008 и неговите компактни PEUGEOT 108, PEUGEOT 208 и PEUGEOT 308 како и дел од гамата на PEUGEOT Sport, PEUGEOT 208 WRX од Себастијан Лоеб. Тројцата возачи на PEUGEOT Total Team ќе бидат достапни за презентација на самиот штанд на 5-ти октомври.
Како дел од новитетите на Peugeot:
Тимот на PEUGEOT Design Lab ќе изложува 8 безжични алатки развиени за Peugeot Outillage (кружна пила, жигана пила, буриња и др.). Исто така ќе се претстави и новиот Lifestyle елемент кој вклучува: Новата линија на кожени ташни и кофери на PEUGEOT 508 и GTi, LEGEND облека, мелници за сол и бибер, итн. Сите производи на Lifestyle се достапни во онлајн продавницата http://boutique.peugeot.com.
PEUGEOT исто така е единствениот производител кој нуди целосен опсег на мобилност: велосипеди, скутери, патнички и товарни возила. Оваа година, на потенцијалните клиенти ќе им бидат откриени и најновите вести на PEUGEOT Cycles и Peugeot Motocycles.
Ќе бидат претставени четирите нови електрични велосипеди. Три Powertube велосипеди (со вградени батерии: два велосипеда на Trek, eT01 FS (целосна суспензија) и eT01, како и eR02 велосипед. Исто така, ќе се прикажува и планинскиот велосипед Powertube eM02, кој е веќе во продажба. Предвидени се и “минати километри” движења на мобилност: електричниот eF01 велосипед и електричниот e-Kick скутер, кој беше развиен со MICRO.
Посетителите исто така можат да уживаат во дневната област, каде што ќе ги откријат сите услуги што ги нуди MYPEUGEOT.