Пет нови ракометари во Металург

Од:

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург почна со составување на тимот со кој ќе се натпреварува во новата сезона на Лигата на шампиони, Регионалната лига и домашното првенство.

Во клубот доаѓаат петмина нови играчи: српскиот голман Дарко Арсиќ (27), левото хрватско крило Мартин Мар­чец (23), српскиот централен и лев бек Немања Обрадовиќ (25), македонскиот репрезентативец, левиот бек Дар­ко Димитриевски (23) и централниот бек Горан Печенковски (28).

Сите петмина потпишаа двегодишен договор со Металург.

– Во клубот останаа младите македонски играчи, за чие дополнување ангажиравме неколку млади македонски ра­кометари и неколку од соседството. Досега неколку пати кажав дека македонските играчи ќе ни бидат приори­тет во составувањето на екипата, а на тие позиции каде што имаме недостиг од квалитетни македонски играчи ќе дополниме со ракометари од страна. Според тој план, произлезе и првиот бран ангажмани за наредната сезо­на, така што сите се млади, желни за работа, за учење, за борба и победа, што сметам дека е одличен предуслов да се вклопат во нашата млада и борбена екипа, пред која сезонава претстојат големи предизвици и со кои веру­вам дека успешно ќе се справиме, изјави тренерот Лино Червар.

Тој најави во периодот што следува ангажирање на уште најмалку два-тројца ракометари, од кои еден ќе биде де­сен бек.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ