Кик боксинг федерацијата на Македонија со успешниот настап на Eвропскиот куп „Хрватска опен 2015“ ги заврши своите активности за оваа година. Освоени се пет медали (два сребрени и три бронзени) и тоа од најмладите кик боксери членови на кик бокс клубот „Гладијатор“ од Штип.
Сребрени медали освоија:
– Викторија Варадинова -60кг кик лајт;
– Стефан Сандев -63кг кик лајт;
– Ѓоше Ѓошев -47кг кик лајт.
Бронзени медали освоија:
– Викторија Варадинова -60кг лајт контакт;
– Столе Јордановски +94кг кик лајт.
На купот во Загреб учество земаа 550 спортисти од осум држави и 77 клубови.