Пет фудбалери на Глазгов Ренџерс отстранети од тимот за кршење на ковид-протоколот

Од:

Екипата на Глазгов Ренџерс отстрани од тимот петмина свои играчи пред утрешниот прв натпревар од шеснаесетфиналето во Лига Европа против Антверпен, поради кршење на ковид протоколот, соопшти денеска шкотскиот фудбалски прволигаш.

-Прво и најважно, мораме да признаеме дека петмина наши фудбалери биле вмешани во нарушување на мерките за заштита од коронавирусот и поради тоа сите во клубот сме навистина разочарани. Работите ќе ги решаваме интерно, изјави тренерот на Глазгов Ренџерс, Стивен Џерард, за клупска телевизија.

Актуелниот лидер во шкотското првенство спроведе внатрешна истрага, откако британските медиуми објавија дека играчи на Ренџерс биле затекнати на приватна забава што полицијата ја прекина во неделата вечер, во куќа во Глазгов.

Станува збор за фудбалерите Бонгани Зунгу, Нејтан Патерсон, Келвин Угелумба, Дапо Мебуде и голманот Брајан Кинер.

-Тие, засега, се отстранети од тимот и се наоѓаат во изолација. Со сите нив ќе биде разговарано кога околностите тоа ќе го дозволат, најави Џерард.

Неговата екипа утре од 21 часот на гостински терен во Антверпен го игра првиот натпревар против белгискиот противник во нокаут фазата во Лига Европа.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Поделен Глазгов – Ренџерс ќе ја пеат „Бог да го чува кралот“, Селтик нема да оддржат минута молк

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски