Компанијата „Пепси“ стана првиот купувач кој нарача трицифрен број електрични камиони „Тесла Семи“.
Како што е соопштено, познатиот американски прозводител на безалкохолни пијалаци ќе набави 100 такви возила.
Обичната верзија на електрокамионот на „Тесла“ со едно полнење, поминува 480 километри и чини 150.000 долари.
Постои и верзија „Тесла Семи“ за подолги релации, кои со едно полнење на батеријата може да минат и 800 километри, но чини 180.000 долари.
„Тесла“ не соопштува колку вкупно електрокамиони се нарачани досега, речиси два месеца по промоцијата, но претпоставките говорат дека се работи за неколку стотици, ако не и илјада возила.
„Пепси“ во САД моментно поседува вкупно 10.000 камиони.
„Тесла“ пак, годишно во САД продава вкупно околу 260.000 камиони.